Чачиќ: Адеми е нашиот „фактор – Х“!

Шефот на стручниот штаб на Динамо Загреб, Анте Чачиќ очекувано беше задоволен од пласманот на неговиот тим во следната рунда квалификации за ЛШ, но не и задоволен од играта во Скопје, и покрај победата од 0-1.

„Сосема очекувано Шкупи ни правеше доста проблеми на овој меч за кој знаевме дека ќе биде тежок. На крајот, кога се ќе се сумира, заслужен наш пласман понатаму, а нашиот капитен Аријан Адеми е одлучувачкиот фактор за едни вакви натпревари. Тој е играч кој дава се од себе за тимот, неговиот учинок е голем за нас, гол и асистенција дома, гол на гости. Тој е навистина некој кој прави разлика, и го посакувате во својот тим. Многу даде за Динамо досега во кариерата, исто како што дава и за македонската репрезентација. Којзнае каде ќе беше да не беше онаа неправедна суспензија. Сигурно во некој голем европски клуб од најсилните лиги“ – истакна Чачиќ, кој истакна пофалби и за тренерот на Шкупи.

„Гоце Седлоски го познавам многу како играч, а малку како тренер. Сепак, овие два меча се потврда дека се работи за млади и квалитетен тренер“.

Се вчитува...