Чаир ја доби Наиса во второто коло од ЕХФ купот

Женскиот ракометен клуб Чари ја доби српска Наиса за противник во второто коло од ЕХФ купот, одлучи денешната ждрепка. Ракометарките на Чаир немаа среќа на денешниот жреб бидејќи го добија најтешкиот можен противник. За Чаирчанки ова ќе биде деби настап во европското натпреварување. Првиот меч на кој домаќин ќе бидат Чаирчанки е закажан за 10 или 11 октомври, а реваншот ќе се игра една недела подоцна.

Се вчитува...