Кошаркарите на Чаир 2030 стигнаа до првата победа сезонава откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 7. коло на домашен терен во трилер меч по продолженија славеа над Гостивар со 96-92.
Гостите подобро го отворија натпреварот, па на полувреме заминаа со предност од 39-46. Оваа предност успеаја да ја задржат и по 30 минути игра, но чаирчани со одлична игра во последниот период успеаја да го внесат мечот во егал 81-81.
Во последната минута двата тима поентираа за 83-83, а Гостивар имаше напад за победа на седум секунди до крајот. Aбрам биеше за тројка од голема далечина и не успеа да погоди, а домаќините имаа шанса во последните две секунди да стигнат до целосен пресврт. Сепак и тие промашија, а натпреварот замина во продоженија.
Tаму, домаќините одиграа посконцентрирано и на крајот стигнаа до заслужен триумф од 96-92. Џејлин Билингсли со 30 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Глен Абрам заврши со 34 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

