Чан Јен-Тинг, првата жена тренер што освои шампионска титула во машкиот свет

Фотографијата на која стариот тренерски лисец, Луис Фелипе Сколари се поздравува со својата 40 години помлада колешка Чан Јен-Тинг го обиколи светот како една од ретките сцени што може да се видат во светот на фудбалот. Чан Јен-Тинг има само 28 години, има нешто повеќе од една година тренерско искуство, а веќе има шампионска титула и место во Гинисовата книга на рекорди како прва жена тренер што освоила титула со машки фудбалски клуб и заслужена почит од постарите и поискусни колеги.

AFC Champions League - Guangzhou Evergrande v Eastern

Средбата на Сколари со Јен-Тинг беше на натпреварот од азиската Лига на шампиони меѓу кинескиот Гвангжу на чија клупа е Сколари и Истерн СЦ од Хонг Конг кој од 2015 година го предводи Чан Јен-Тинг. Гвангжу ја потврди фаворитската улога и славеше со 7-0, но Сколари по мечот со почит ја поздрави својата колешка на спротивната клупа.

Чан Јен-Тин има универзитетска диплома од географија, но поради Дејвид Бекам фудбалот како средношколка и стана пасија, на која подоцна реши да и се посвети и професионално.

„Фудбалот го засакав поради Дејвид Бекам. На телевизија ги гледав натпреварите од Премиер лигата и за мене сето тоа беше толку импресивно што решив да научам се за фудбалот и тоа да биде мојата професионална определба. Почнав со летната програма за обука на тренери што ја организираше Фудбалската федерација, а потоа целосно му се посветив на фудбалот“ – вели Чан Јен-Тин.

chan4

Професионалната тренерска кариера во фудбалот ја почна во 2010 година како видеоаналитичарка, а потоа напредуваше на позицијата асистент во клубот Пегасус. Во 2015 година на истата позиција ја ангажира Истерн СЦ. Работите се поклопија побрзо отколку што и самата се надеваше. Првот тренер на екипата даде отказ и замина во Кина, а Чан Јен-Тим беше единствена меѓу неговите помошници со соодветната лиценца и го доби местото на прв тренер во екипата.

На почетокот бев исплашена. Мислев дека не сум доволно квалификувана за да водам еден од најдобрите тимови во Хонг Конг. Немав искуство, но целиот клуб и персоналот и газдите ме охрабруваа и ме поддржаа и така решив да го прифатам предизвикот“ – раскажува Чан Јен-Тин.

chan12

Во првиот натпревар под нејзино водство, нејзиниот тим победи со 6-1, а во вториот го совладаа најголемиот конкурент за шампионската титула во Хонг Конг. Напредокот како што вели таа, дошол по деталните анализи на сите дотогашни натпревари и акцентирање на грешките што се повторувале. Чен Јен-Тин успеа да ги исправи и иако релативно млада, помлада дури и од повеќето фудбалери во својот тим, таа успеа да направи резултат и да изгради авторитет во клубот. Под нејзино водство, Истерн СЦ загуби само еден од 15 натпревари до крајот на сезоната и на крај ја освои шампионската титула, прв пат по 21 година. Набрзо потоа Чен Јен-Тин  доби признание од Гинисовата книга на рекорди како прва жена која како тренер освоила првенство во машкиот професионален фудбал.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Чен Јен-Тин сега веќе има и една тренерска понуда од Европа, но младата тренерка вели дека не брза никаде.

„За таква одлука се уште е рано. За тоа треба многу поголемо тренерско искуство. Ова е само прв чекор во мојата тренерска кариера. Сакам да напредувам и да направ успех и во некоја посилна лига, моќеби во Ј.Кореја или во Јапонија. За Европа се уште е рано“ – вели Чен Јен-Тин.

Се вчитува...