Чави даде зелено светло – Барселoна трнува по Жоао Феликс

Барселона е заинтересирана за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс. Фудбалерот на „јорганџиите“ пристигна на „Ванда Метрополитано“ летото 2019 година за рекордни 120 милиони евра, но никогаш досега не успеа да го достигне својот целосен потенцијал.

Поранешниот играч на Бенфика никогаш не одговори на профилот на играч кој тренерот Диего Симеоне сака да го има во својот тим, останувајќи во заден план зад Суарез, Кореа и Гризман. Овој 22-годишен Португалец има одиграно речиси 100 натпревари за Атлетико, постигнувајќи само 22 гола, од кои само три оваа сезона.

Според угледниот новинар Рубен Урија, Барселона гледа иднина во Феликс. Каталонците се во потрага по нов централен напаѓач, бидејќи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд тешко дека може да се пресели на „Камп Ноу“, a Лапорта и Чави се оптимисти дека ќе успеат да го договорат доаѓањето на Феликс.

Се вчитува...