Чави го „мерка“ Икарди – Аргентинецот блиску до трансфер на „Камп Ноу“

Маурицио Икарди оваа зима може да стане нов фудбалер на Барселона откако интерес за неговите услуги покажа тренерот Чави, пренесуваат шпанските медиуми. Каталонците се во потрага по напаѓач, а откако пропадна трансферот на Мората погледите се насочени кон Аргетнинецот.

За искусниот 28-годишен аргентински голгетер нема место во преполниот состав со ѕвезди на ПСЖ па и „светците“ немаат ништо против да го испратат на позајмица до крајот на сезоната со цел да ги намалат големите трошоци.

Икарди кариерата ја започна во Сампдорија, а по одличните настапи направи трансфер во редовите на Интер. За „нероаѕурите“ настапуваше од 2013 до 2021 година по што следеше прво позајмица, а потоа и перманентен трансфер во ПСЖ, но таму не успеа да ги исполни очекувањата.

Се вчитува...