Чави ја започнува тренерската кариера во Ла Лига?

Легендата на Барселона, Чави, вчера објави дека на крајот од сезонава ќе му каже збогум на фудбалот и ќе се посвети на тренерската работа.

Еден ден по неговата информација за завршување на кариерата веќе стигна првата тренерска понуда. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, од раководството на Реал Бетис се заинтересирани за услугите на легендарниот фудбалер, бидејќи на крајот од сезоната од тимот заминува досегашниот тренер Кике Сетиен.

Во клубот од Севилја сметаат дека Чави со своето фудбалско знаење ќе допринесе за атрактивен и напаѓачки фудбал.

Се вчитува...