Чави ќе има многу работа: Кутињо одбил да влезе против Селта

Барселона „прокоцка“ водство од 3:0 на полувремето во Виго, и на крајот мораше да се задоволи само со бод. Барса добива нов тренер во името на Чави, кому прва улога ќе му биде да ги среди односите играч – клуб. Тоа го покажа и вчерашниот потег на Филипе Кутињо, кој што требаше да влезе во игра на местото на Ансу Фати, кој се повреди. Меѓутоа, како што пишуваат шпанските медиуми, бразилецот го одбил тоа.

Ова веројатно е последниот потег на Кутињо во Барселона, и во јануари ќе биде продаден. Но, прашање е дали ќе се најде купувач, со оглед дека откако дојде во Барселона не игра ништо и беше испраќан на позајмици. Можеби само Клоп може да го „крене“ од летаргијата.

Кутињо дојде во Барса во 2018 година за 160 милиони евра од Ливерпул. Одигра 101 меч за Барса и постигна 25 гола.

Се вчитува...