Чави може да дебитира на клупата на Барселона на мечот со Еспањол

Тренерот на Катарскиот тим Ал Сад и легенда на Барселона, Чави, кој е главен кандидат за тренерската позиција во каталонскиот тим, може да го има својот деби натпревар на клупата веќе на 20 ноември.

Според „Sport.es“, преговорите меѓу клубовите се уште се во тек. Раководството на Ал Сад очекува шпанскиот тренер да остане во тимот до натпреварот против Ал-Духаил во среда на 3 ноември. Шпанецот дури во четврток ќе може да лета за Барселона, а во сабота Каталонците ќе играат во натпреварот од 13. коло на шпанскиот шампионат со Селта.

Најверојатно, натпреварот од 14. коло во шпанското првенство со Еспањол, кој ќе се одигра на 20 ноември, ќе биде деби на Чави како тренер на Барселона. Актуелниот договор меѓу Чави и Ал Сад е до 2023 година. Воедно, претходно беше објавено дека Шпанецот има договор со раководството на катарскиот клуб, според кој ќе биде ослободен доколку добие понуда од некој од врвните клубови.

Се вчитува...