Чави му го менува договорот на Дембеле, се споменува и враќање во Дортмунд

Откако дојде во Барселона, Усман Дембеле повеќе е повреден, отколку што игра во дресот на Барса. Затоа новиот тренер Чави планира да му понуди нов договор, кој нема да му се допадне на Французинот. Новиот договор би бил „колку игра, толку добива“. Со оглед дека крилото има„стаклени нозе“, тешко е за верување дека ќе се согласи за промена на договорот.

Неговиот сегашен договор истекува на лето 2022 година, кога ќе замине како слободен фудбалер. Доколку не се согласи на новите услови, тогаш Каталонците би можеле да го продадат веќе во јануарскиот преоден рок.

Се споменува враќање во Дортмунд, каде ја доживеа својата експанзија, но за многу помалку пари од она што го плати Барса кога го земаше. Станува збор за сума од нешто помалку од 30 милиони евра која Дортмунд би ја платил за да го врати.

Се вчитува...