Чави уште на првиот тренинг објави дека не смета на шестмина играчи

Почна чистката во Барселона. Новиот тренер Чави Хернандес, се реши да „пречкрта“ шестмина играчи од тимот. Така извесно е дека од јануари Барселона нема да смета на Умтити, Ленгле, Нето, Кутињо, Лук Де Јонг и Брајтвајт.

Чави јасно покажа дека овие шестмина играчи може да го напуштат тимот, а доколку Барселона успее да заработи нешто до нив, би било добро. Де Јонг ќе биде вратен на Севиља од каде е на позајмица, а останатите ќе бидат продадени.

Новиот тренер на „Каталонците“ покрај тоа што почна да го средува играчкиот кадар, се реши и да воведе нови правила. Така на фудбалерите им забрани приватни патувања, дури и кога се повредени. Второ правило е да се внимава што се става на социјалните мрежи. Третото правило е дека фудбалерите подолго вфеме ќе минуваат во тренинг кампот дневно, а исто така играчите нема да смеат да имаат дополнителни тренинзи.

Се вчитува...