Чави веднаш се фати за „метлата“: Кои двајца фудбалери први ќе „летаат“ од Барселона?

Барселона почнува една нова ера со Чави на клупата. И веднаш ќе има промени во ростерот на „Каталонците“. Се очекуваа некои играчи да го напуштат клубот, а да дојдат други.

Така Чави, уште недојден, се фати за „метлата“. Прв кој што ќе го напушти тимот е напаѓачот Лук Де Јонг, кој дојде од Севиља по препорака на Роналд Куман. Тој не беше замислен како долгорочно решение, и на шест меча даде само еден гол.

Веќе во јануари, Чави планира да го врати на Севиља, од каде дојде како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Каталонските медиуми најавуваат дека „метлата“ ќе опфати уште неколку фудбалери, а меѓу нив ќе се најде и Осман Дембеле. Францускиот офанзивец воопшто не ги оправда очекувањата откако клубот плати над 100 милиони евра за да го донесе од Борусија Дортмунд, а поради честите повреди голем дел од ланската и оваа сезона ги мина надвор од терените. Дембеле има договор со Барса само до крајот на сезонава, а на барање на Чави каталонскиот гигант ќе се обиде да го продаде овој фудбалер веќе во јануарскиот преоден рок.

Како потенцијална замена за Дембеле новиот тренер на Барселона ќе се обиде да го доведе Рахим Стерлинг, кој е незадоволен во Манчестер Сити поради малата минутажа што ја добива од Пеп Гвардиола.

Се вчитува...