Чави веднаш воведе правила и забрани во Барса

На истиот ден од официјалното претставување на Чави како нов тренер на Барселона, некои работи веднаш се променија. Новиот тренер воведе некои правила кои фудбалерите ќе мора да ги почитуваат. Едното од нив се однесува на Џерард Пике.

Имено, Чави му забранил на стоперот во текот на сезоната да патува поради приватни причини, а особено кога не е во комбинација поради повреда. Чави им соопштил на играчите дека ќе мора да минуваат повеќе време во тренинг центарот, и дека тренинзите ќе бидат подолги од досегашните.

Исто така им забранил на играчите да имаат приватни тренинзи. Четврто правило е да нема дискусии и караници околу начинот на играта. Последното правило кое Чави го довел е играчите многу да внимаваат што и како објавуваат на социјалните мрежи, во спротивно ќе има казни и санкции.

Чави сака да покаже дека ќе нема „попуст“ за никого во Барса, и покрај тоа што со дел од нив и бил играч како Пике, Бускетс… Што тоа ќе донесе, останува да се види.

Се вчитува...