Чави веќе го составува тимот, на маса поставил пет барања до Лапорта?

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, веќе на маса ги поставил желбите како иден тренер на „каталонците“. До раководството тој укажал дека нема да смета на Лук де Јонг.

Искусниот напаѓач наводно не е во плановите на повратникот во клубот, но затоа тука е Усман Дембеле кој го гледа како дел од тимот и побарал од управата да го осигураат неговиот престој со потпишување на нов договор.

Се наведува и дека е одобрен планот за доаѓањето на Рахим Стерлинг. Долго време се шпекулира дека офанзивецот е една од главните цели на Барселона, а промената на тренерот наводно нема да влијае на тоа.

Покрај сето ова, Чави наводно сака уште две капитални засилувања. Станува збор за Кингсли Коман и Жил Кунде, за чиј потпис клубот би требало да се бори со конкурентите од Премиер лигата, а во случајот со францускиот стопер, со Реал Мадрид.

Се вчитува...