Чави воодушевен: Барса го доби новиот Иниеста!

Барселона на домашен терен синоќа убедливо славеше над Билбао со 4-0, триумф кој дополнително ќе им ја зголеми тимската самодоверба, која во моментов им е повеќе од потребна.

По натпреварот, Чави Ернандез не го криеше своето воодушевување од играта на неговите избраници и еден играч посебно го спореди со Андрес Иниеста, што е секако голем комплимент.

„Неверојатен талент има Педри, тој е фантастичен. Интересно е тоа што тој е скромен играч и не сака многу пофалби, но морам да го кажам дека тој ме потсеќа на Андрес Иниеста, во некое друго време. Сметам дека кога зборуваме за талентирани играчи, во моментов нема подобар талент од него“, истакна Чави Ернандез.

Со оваа победа Барселона останува на четвртата позиција, само на бод заостанување од третопласираниот Бетис, кој има и натпревар повеќе, така да има простор за „каталонците“ да напредуваат уште на табелата.

Се вчитува...