Чех и Дос Сантош го одбележaa петтиот ден на СП во атлетика

Словенечкиот атлетиачар Кристијан Чех стигна до златниот медал во фрлање диск на Светското првенство во атлетика кое се одржува во американскиот град Јуџин.

Словенецот до златот стигна со фрлање од 71.13 метри што е нов рекорд на шампионатите. Второто и третото место му припадна на литванскиот тандем Микола Алекна и Андриус Гуџиус. Актуелниот светски и олимписки шампион, Даниел Штал на крајот остана без медал освојувајќи го четвртото место.

Рекорд на шампионатите постигна и Бразилецот, Алисон Дос Сантош на трката на 400 метри со пречки поставувајќи време од 46.29 секунди. Второто и третото место им припадна на Американците, Бенџамин и Басит. Актуелиот олимписки шампион и рекордер Карстен Вархолм кој цела сезона се мачи со повреда на крајот заврши на седмото место.

Елеонор Патерсон од Австралија е сензационална победничка во скок во височина. Таа со скокнати 2.02 метри го освои златото, пред првата фаворитка Јарослава Махучик од Украина и Италијанката Елена Валортигара.

Сензационален победник донесе и трката на 1500 метри каде златото му припадна на Џек Вајтнам од Велика Британија. Со сребро се закити олимпискиот шампион Јакоб Ингебритсен, додека бронзата му припадна на Мохамед Катир од Шпанија.

Светскиот шампион на 100 метри, Фред Керли не успеа да го мине полуфиналето на двојно подолгата делница на 200 метри.

Се вчитува...