Челниците на Баерн Минхен лути на капитенот Лам

Филип Лам по мечот со Волфсбург објави дека на крајот од сезонава ќе ја заврши својата професионална кариера, потег со кој баварскиот гигант ги налути челниците на актуелниот шампион на Германија. Претседателот Карл-Хајнц Румениге преку писмо објавено на клупската веб-страница изрази разочараност од гестот на Лам, кој претходно ја одбил и функцијата спортски директор во клубот од „Алијанц Арена“.

Ние како клуб сме изненадени од односот на Филип Лам и неговиот советник.  Ули Хенес и јас водевме отворени, интензивни и конструктивни разговори со Филип во изминатите месеци, при што му беше понудена и функцијата спортски директор. На крајот од минатата седмица, тој ни соопшти дека не е заинтересиран за оваа функција и дека сака предвремен раскин на актуелниот договор, што му истекува во јуни 2018 година. До вчера претпоставувме дека тоа ќе биде заеднички соопштено од страна на Филип Лам и Баерн Минхен. Тој беше важен играч за нашиот клуб повеќе од една деценија, веруваме дека тој ќе остане максимално сконцентриран на предизвиците што му претстојат на нашиот клуб во Бундес-лигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија“ – посочи Румениге.

Се вчитува...