Челси без најдобриот фудбалер против Арсенал?

Лондонското дерби помеѓу Челси и Арсенал ќе биде од огромна важност за шампионските амбиции на „топчиите“, а се чини дека избраниците на Микел Артета ќе имаат и олеснителна околност бидејќи неизвесен за настап е најдобриот фудбалер на „сините“ оваа сезона, Кол Палмер поради болест.

Палмер го засили Челси од Манчестер Сити пред самиот крај на преодниот рок во пресрет новата сезона и веднаш се наметна како апсолутен хит на Премиерлигата постигнувајќи 20 голови со кои е израмнет со Ерлинг Халанд на првото место на листата на најдобри голгетери во шампионатот на Англија.

„Ќе треба да видиме како ќе се чувствува утре наутро, но според она што го гледам денеска, тој нема да може да ни помогне“, изјави Маурицио Покетино на денешната прес-конференција.

Покрај Палмер очекувањата се дека дерби натпреварот ќе го пропушти и Мало Густо кој се повреди во полуфиналниот натпревар од ФА Купот против Манчестер Сити.

Се вчитува...