Челси добива „засилување“ пред пресметката со Реал Мадрид

Челси за натпреварите со Реал Мадрид во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, ќе може да смета на играчот од средниот ред Нголо Канте. Првиот меч се игра на 12 април во Мадрид.

Канте поради повреда го пропушти поголемиот дел од сезоната, но менаџерот Потер ќе може да смета на него за две недели. Канте е надор од тимот од август минатата година, а поради повреда го пропушти и Мундијалот во Катар.

Реваншот помеѓу Челси и Реал ќе се игра во Лондон на 18. април.

Се вчитува...