Челси двапати водеше, но не успеа да слави против Евертон (ВИДЕО)

Челси не успеа да ја продолжи низата победи во Премиерлигата, ремизирајќи (2-2) во 27. коло на „Стемфорд бриџ“ со Евертон.

„Сините“ двапати имаа предност, но на крај не успеаја да ја зачуваат предноста за три бода.

Челси поведе со голот на Жоао Феликс во 52. минута, за да Абдулае Дукур во 69. минута израмни на 1-1.

Во 76. минута од пенал Хаверц донесе предност за Челси од 2-1, но Симс во 89. минута ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...