Челси го потпиша играчот што доби заушка од Белингем на СП

Челси е најактивен клуб во Англија и ова лето откако „сините“ вечерва официјализираа уште еден трансфер, потпишувајќи договор со левиот бек Валентин Барко.

Овој трансфер од редовите на Стразбур беше договорен уште пред околу еден месец, но Барко неочекувнао мораше да почека за да се комплетира преселбата вредна 25 милиони фунти.

Интересно, овој дефанзивец се најде во центарот на вниманието на јавноста по мечот меѓу Аргентина и Англија, откако беше удрен по завршниот свиреж од страна на Џуд Белингем. Англичаните го обвинија Барко за провокации во текот и по завршувањето на натпреварот, но страстите се смирија и овој фудбалер се врати назад во Англија, каде пред неколку сезони кратко ги бранеше боите на Брајтон.

Покрај Барко, Челси ќе ангажира и втор лев бек летово откако ги финишираше преговорите со Рајо Ваљекано за Пеп Чаварија, за отштета од 25 милиони евра.

Се вчитува...