Челси го пријавил Чех во составот затоа што „било криза“

Изненадувачки делуваше информацијата на Челси во составот за сезонава во Премиер-лигата ја пријавил пензионираната голманска легенда, Петр Чех. По дуелот со Севилја во Лигата на шампионите, менаџерот Ферн Лампард го објасни овој потег.

„Чех не е фудбалер под договор, ама ова е решение во случај на непланиран развој на настани. Знаете каква е ситуацијата со пандемијата од коронавирус. Плус, Петр е сè уште млад и во форма, иако за многумина е пензиониран. Дали ќе игра? Тоа ќе зависи од многу аспекти, но Чех тренира со нашите голмани, а со ковид-19 никогаш ништо не знаете, зашто демне зад аголот постојано“ – вели Лампард.

Премиер-лигата во насоките што им ги даде на клубовите, а поврзани со пандемијата на коронавирусот, им посочи да пријaвуваат што повеќе фубалери дури и од младинскиот погон за да нема застој во натпреварувањето. Клубот треба да има на располагање 13 играчи и голман, здрави однoсно незаразени од COVID-19 за да може да одигра лигашки натпревар. Всушност вакви се и препораките од УЕФА.

Се вчитува...