Челси го сака Дрис Мертенс на „Стемфорд бриџ“

Англискиот премиерлигаш Челси сака да го доведе белгискиот интернационалец Дрис Мертенс на „Стемфорд бриџ“. Тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент и е цел на неколку европски клубови, а Франк Лампард е подготвен да му даде плата од 8 милиони фунти за да го убеди да долета во Лондон.

32-годишниот Мертенс пред глобалната криза што ја предизвика коронавирусот беше во преговори со Наполи за да остане уште најмалку две сезони, но сега сите разговори се стопирани. Тоа сака да го искористи Челси и да го доведе Белгиецот во Премиер – лигата. Лампард смета дека Мертенс би бил одлично решение за крилните позиции со оглед на најавеното заминување на Бразилецот Вилијан.

Се вчитува...