Челси го совлада Лестер…за Црвена Звезда

Челси го доби големото дерби во Премиерлигата против Лестер со 2-1 и изби на третата позиција на табелата во битката за пласман во Лигата на Шампионите следната сезона, а победата на „сините“ ја прослави и Црвена Звезда.

Имено, битката за најсилното фудбалско натпреварување во Англија ќе одлучува и за тоа од која рунда српскиот првак ќе го започне патот до групната фаза од ЛШ. Доколку Челси заврши на некоја од првите четири позиции на табелата, Црвена Звезда ќе се пласира директно во втората рунда, во спротивно белгаѓани ќе треба да се натпреваруваат од самиот почеток.

„Со сите сили навиваме Челси да биде меѓу првите четири во Премиерлигата, а ако не успеат во тоа, тогаш Сити треба да победи во финалето од Лигата на Шампионите“, изјави Дејан Станковиќ на вчерашната прес-конференција.

Пред последното коло во англискиот шампионат, Челси е на третата позиција на табелата со 67 бода, следи Лестер со 66, а Ливерпул кој денеска игра против Барнли има 63 бода. Во последното коло Лестер го пречекува Тотенхем, Ливерпул го пречекува Кристал Палас, додека Челси гостува против Астон Вила.

Се вчитува...