Челси има план за Кејн – два играчи плус пари

Се поизвесно е дека Хари Кејн ова лето ќе го напушти „Хотспар“ и ќе ги замени клупските бои. Англичанецот со солзи го напушти последниот натпревар на домашен терен, а веќе од поодамна се знае дека 27-годишникот сака да биде на нивото на Меси и Роналдо и секоја сезона да атакува на трофеи, нешто што со Тотенхем е невозможно.

За неговите услуги се заинтересирани Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси, а „сините“ од Лондон веќе подготвиле понуда за градскиот ривал. Јасно е дека Тотенхем нема да се задоволи со помалку од 100 милиони, но планот на Абрамович е да го прмимами Леви со пакет од два играчи.

Имено, доколку се реализира овој трансфер на северот на Лондон ќе пристигнат Кепа и Тами Абрахам. Тотенхем веќе бара замена за 34-годишниот Лорис на голот, додека младиот Абрахам би бил директна замена за капитенот на англиската репрезентација.

Планот на сопственикот на Челси е прималив, но со оглед на ривалството на овие два клуба истиот останува само теорија. Како потсетување Тотенхем не дозволи заминување на Лука Модриќ во редовите на „сините“ во 2011 година.

 

Се вчитува...