Челси ќе го откупи Ковачиќ, а Азар ќе замине на „Бернабеу“

Англискиот премиерлигаш Челси ќе го откупи договорот на хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ. Иако клубот има забрана за трансфери од ФИФА во летниот преоден рок, сепак, ќе ја активира клаузулата за комплетно откупување на неговиот договор од Реал Мадрид. Тој дојде како позајмен играч на „Стемфорд бриџ“.

Се очекува Челси да доплати 40 милиони евра за да го откупи Ковачиќ, а кон Мадрид најверојатно ќе се упати белгискиот интернационалец Еден Азар. За него Реал Мадрид е подготвен да плати 100 милиони евра и трансферот е начелно договорен за реализација. Азар треба да потпише шестгодишен договор со „кралскиот клуб“.

Се вчитува...