Челси „мерка“ ас на Интер, Лукаку останува на „Џузепе Меаца“

Челси покажува сериозен интерес за Андрес Онана од Интер како најново засилување за наредната натпреварувачка сезона. Лондонскиот клуб веќе има двајца квалитетни голмани во своите редови, Кепа и Менди, но најмалку еден од нив ќе биде продаден летово, а план на „сините“ е во клубот да биде доведен Онана, кој ќе ја има улогата на стартен чувар на мрежата од почетокот на сезоната.

„Газета дело спорт“ потврдува дека Онана е свесен за интересот од Премиер-лигата, но и дека Интер би немал ништо против тој да си замине, доколку пристигне понуда каква што посакуваат „нероаѕурите“. Конкретно, Интер бара 40 милиони евра за својот голман, кој дојде како слободен играч од Ајакс и еден ваков трансфер би претставувал одлична заработка. Гигантот од Милано веќе разгледувал опции за нов голман ако Онана си замине, а според директорот Марота идеална солуција би бил Гилјермо Викарио од Емполи.

Интересот на Челси за Онана му оди во прилог на Интер и поради фактот дека клубовите разговараат за останување на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“. Белгиецот сака да остане во Интер и за тоа да се случи е подготвен и да прифати значително намалување на платата, а лесно може да се случи клубовите да се договорат или за нова позајмица или за целосен откуп, бидејќи во Челси дефинитивно не сметаат сериозно на Лукаку ниту за наредната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...