Челси му го ‘краде’ Кансело на Јувентус

Англискиот премиерлигаш Челси влезе во сериозна трка за ангажман на португалскиот интернационалец Жоао Кансело од редовите на Валенсија. Менаџерот Антонио Конте знае дека неговиот тим е ‘тенок’ на десната бековска позиција и сака да го реши тој проблем во најкус можен рок.

Кансело е цел на италијанскиот првак Јувентус, но преговорите почнаа да се одолговлекуваат, а Челси сака тоа да го искористи и да го купи за сума од 25 милиони фунти. Валенсија очекува овие два гиганти да наддаваат и секако ќе се сложи да го продаде на клубот што ќе понуди повеќе.

Се вчитува...