Челси сака да го грабне Роберт Левандовски пред носот на Реал Мадрид

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски изрази желба за нов предизвик во кариерата и најверојатно ќе ја напупти „Алијанц арена“ по завршувањето на сезоната, а Баерн Минхен за него одреди отштета од 100 милиони евра. Не е тоа недостижна сума за најголемите европски клубови, па во редот на заинтересираните се веќе Реал Мадрид, Челси и Манчестер јунајтед. Но, се чини дека клубот од „Стемфорд бриџ“ прв тргна во спринт кон потписот на одличниот голгетер.

Левандовски го има Пини Захави за нов агент, а тој има фантастични односи со газдата на Челси, Роман Абрамович. Така на „Стемфорд бриџ“ завршија неколку фудбалери, како и менаџерот Аврам Грант. Следната голема зделка треба да биде токму Левандовски.

Реал Мадрид исто така е сериозно заинтересиран за Полјакот, но засега тоа е во сферата на предвидувањата. Како нов голгетер на „Сантијаго Бернабеу“ се најавува и Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, а „кралевите“ треба да отворат место и со продажбата на Велшанецот Герет Бејк.  А дотогаш, Челси може веќе да го грабне Левандовски.

Се вчитува...