После пласманот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, Челси, конечно, се разбуди и заигра онака како што од нив се очекува во Премиерлигата, а Грем Потер си обезбеди барем малку „мир“ после критиките кои ги имаше од јавноста за слабите резултати.
Чилвел во 11. минута го доведе Челси во предност, а Дака успеа да израмни со убав гол. Уште поубав постигна Хаверц во судиското надополнување од првиот дел, за предност на „сините“. Во 78. минута Ковачиќ ги постави конечните 1-3.
Победа обезбеди и Тотенхем над Нотингем со 3-2. Избраниците на Конте по испаѓањето од ЛШ се рехабилитираа со триумф. Кејн во 19. и 35. минута донесе предност, а Сон во 62. минута зголеми на 3-0. Ворал во 81. минута намали на 3-1, а Ајев имаше шанса од пенал да намали дополнително, но Фостер успеа да одбрани.
Лидс и Брајтон одиграа интересен и возбудлив меч кој заврши без победник. Брајтон два пати водеше, а Лдис на крајот успеа да извлече бод.
Евертон со гол уште во 1. минута на МекНил, го совлада составот на Бренфорд, и обезбеди важен триумф за опстанокот во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА