Челси сигурен, Тотенхем славеше и со играч помалку

Челси оствари сигурен триум на „Стемфорд бриџ“ совладувајќи го Брајтон со 2-0. Жоргињо од пенал во 50.минута го доведе во водство тимот на Лампард, а победата ја потврди Вилијан со голот во 76.минута.

Тотенхем се мачеше со играч помалку еден час против Саутемптон поради исклучувањето на Серж Орие, но на крајот оствари победа од 2-1. Ндомбеле донесе предност за „спарс“, израмни Дени Ингс по грешката на Љорис, но капитенот Хари Кејн го врати водството пред самиот крај на првиот дел. Тотенхем во второто полувреме успеа да ја задржи предноста и со десетмина на теренот.

Кристал Палас го совлада Норвич со 1-0, со голот од пенал на Лука Миливојевиќ, а Вулверхемптон со 2-0 го совлада Вотфорд.

Резултати Англија: Астон Вила – Барнли 2-2, Борнмут – Вест Хем 2-2, Челси – Брајтон 2-0, Кристал Палас – Норвич 1-0, Тотенхем – Саутемптон 2-1, Волвс – Вотфорд 2-0.

Се вчитува...