Челси со празни раце: Сандро потпишува нов договор со Јувентус

Јувентус летово веќе одби неколку богати понуди за Алекс Сандро, а раководството на „старата дама“ ќе потврди дека нема намера да го продаде левиот бек нудејќи му нов далеку побогат договор. Според информациите од Италија, разговорите на оваа тема се веќе стартувани, па Бразилецот во следниот период и официјално ќе го стави потписот на новиот договор со „старата дама“, со важност до 2022 година.

Со тоа, Сандро ќе добие и значително зголемување на платата, од 2,8 милиони на пет милиони евра по сезона.

Со потписот на новиот договор дефинитивно ќе биде ставен крај на сите дилеми околу иднината на одличниот лев бек, кој лани имаше фантастична сезона. Антонио Конте го посочи токму Алекс Сандро како приоритет за ангажман до крајот на овој преоден рок, се најавуваа понуди од 60 милиони фунти, но ставот на Јувентус е јасен – бразискиот дефанзивец не е на продажба.

Се вчитува...