Челси успеа да доведе десен бек, Давиде Запакоста доаѓа кај Конте

Десниот бек на Торино, Давиде Запакоста во последниот ден од трансфер пазарот се сели во редовите на Челси. Медиумите од Италија тврдат дека двата клубови постигнале договор за сума од 25 милиони фунти, а се шпекулира дека Италијанецот треба да потпише шетгодишен договор.

Конте конечно ќе добие десен бек, откако цело лето имаше неуспешни обиди да ангажира неколку негови мети. Италијанскиот стратег добро го познава Запакоста, токму Конте му овозможи место на бекот во националниот тим на „аѕурите“, настапи на Европското првенство минатата година.

25-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 29 натпревари за Торино во Серија А, постигна еден погодок, додека асистентираше на пет гола.

Се вчитува...