Челси во нова акција за Андреа Белоти

Челси се уште се надева дека ќе успее да го доведе Андреа Белоти, па англискиот првак подготви понуда од 75 милиони евра за Италијанецот. Иако Мората пристигна за клупски рекорд од 80 милиони евра, Конте не е задоволен од напаѓачките опции, па ќе мора одново да се убедува со Торино.

Интересот за „петелот“ не доаѓа само од Лондон, но досега ниту еден клуб не понуди ни приближно до 100 милиони. Наводно, Челси уште пред да го купи Мората доставиле понуда за Белоти, но според газдата на италијанскиот клуб, сумата не била доволна.

Конте смета дека Белоти е замената за Диего Коста, кој пак ќе го напушти Лондон само ако повторно го облече дресот на Атлетико Мадрид.

Покрај обидите да се засили нападот, Челси покажува интерес и за десниот бек на Саутемптон, Седрик Соареш. Португалецот беше мета на Барселона, но Саутемптон успеа да го задржи, а Барса го ангажираше Нелсон Семедо од Бенфика.

Се вчитува...