Черчесов диригираше, Смолов се поклони – фановите ги поздравија руските асови (фотогалерија)

Руските фудбалери немаа среќа во пенал-завршницата против Хрватска, но и со самиот пласман во четвртфиналето остварија историски успех за оваа земја на фудбалските мундијали.

Затоа, илјадници фанови се собраа денеска во фан-зоната за да ги поздрават селекторот Черчесов и неговите избраници, покажувајќи благодарност за сите радости што фудбалерите им ги донесоа од почетокот на овој шампионат.

Селекторот Черчесов на моменти диригираше со бројните навивачи, додека Смолов, кој беше еден од трагичарите во пенал-рулетот, им се поклони на навивачите барајќи прошка, за што веднаш доби гласни аплаузи.

 

Се вчитува...