Черчесов: Гордо го напуштаме Мундијалот, Русија е одличен домаќин

Домашната репрезентација на Русија е елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство. По подобро изведување пенали на дуелот во Сочи славеа Хрватите и тие ја продолжуваат битката против Англија за влез во големото финале. Селекторот на „зборнаја“, Станислав Черчесов, сепак, вели дека на горд и достоинствен начин неговата селекција се прости од Мундијалот.

„Што да кажам…Клучен збор е начинот на кој ќе си заминете. Ние тоа го сторивме гордо и достоинствено. Но, од друга страна сме и тажни. Немаме веќе шанси да ја освоиме титулата. Му ја покажавме на светот својата вредност, таа е навистина голема, а Мундијалот е одлично организиран и тоа секако е дополнителна радост за мене и за сите Руси. Благодарност до сите што не поддржуваа, одиме да се одмориме, а потоа ќе планираме за во иднина“, изјави селекторот на Русија по синоќешната елиминација од Хрватска.

 

Се вчитува...