Червар ќе го одбере својот наследник на клупата на Хрватска

По големиот неуспех и елиминацијата на Хрватска во главната рунда на Светското ракометно првенство, Лино Червар ја напушти позицијата селектор на репрезентацијата. Интересно е тоа што токму тој ќе го одбере неговиот наследник.

Червар е координатор на машкиот ракомет во Хрватска, па затоа мора да ги предложи кандидатите за селектор, а официјалната одлука околу именување ќе ја донесе Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација.

Хрватска во март ја очекуваат квалификациите за ЛОИ во Токио, па затоа мора брзо да донесат одлука за наследникот на Червар.

Се вчитува...