Червар: Може да ме мразат, ама каков и да сум јас сум најтрофејниот тренер во светот

Лино Червар и на актуелното Светско првенство во Германија и во Данска повторно го привлекува вниманието со сета своја жар, како што само тој знае и умее. И покрај своите 68 години повторно ја води Хрватска кон нов медал на Мундијалите, и покрај тоа што неговата селекција пред почетокот никој не ја сметаше меѓу фаворитите…

„Знам дека според обложувалниците бевме дури седми фаворити. И тогаш во мене се буди некој инает“ – вели Червар.

Пред 16 години на Светското првенство во Португалија сензационално ја одведе Хрватска до златото. Само една година откако истиот тој тим заврши последен на ЕП. А, инаетот е негов добро препознатлив знак. Токму тоа го води и сега во Германија за да им докаже на сите дека Хрватска може…

„Знам дека не сум во цутот на младоста, но не се давам. Им пркосам на сите, но и на себе. И многу вложувам во себе, во своето ракометно знаење. Имам желба за докажување, а тоа значи младост“ – вели Червар и дополнува:

„Некои луѓе знам дека ме мразат. За нив имам една египетска поговорка: ‘Умре на 20 години, а го закопаа на 80’. Како и да сум, колку и многумина да не ме сакаат, јас и во овој момент сум најтрофејниот тренер на светот“.

Се вчитува...