Червар: Ова не е неуспех, овој Мундијал воопшто не заслужува внимание

Хрватска доживеа дебакл од вториот тим на Данска со што ги заврши настапите на Светското првенство 2021 во Египет, без пласман во четвртфиналето.

Селекторот на Хрватите, Лино Червар по мечот истакна дека овој резултат и не е неуспех за „коцкестите“, а овој Мундијал, согласно условите под кои се играл, воопшто и не заслужува некое посебно внимание.

„Данска беше едноставно подобра и ние не можевме ништо повеќе. Но, генерално ова не е неуспех за Хрватска. Би рекол дека ова е реална состојба. И немам ништо против сите кои не напаѓаат. Напротив, јас ги сакам оние кои ме мразат. Тие се полни омраза, а јас станувам се подобар и подобар. Мора да кажам и дека овој Мундијал воопшто не заслужува некое посебно внимание. Се беше далеку од нормално за одигрување врвни натпревари. Како да му дадете внимание на првенство кое се играше под едни вакви услови“ – истакна Червар по поразот од Данците.

Се вчитува...