Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс ја уништи екипата на Бостон доведувајќи го Кливленд до 2-2 во финалната серија на Истокот. Кливленд славеше против Бостон со 111-102.
За триумфот на Кливленд слободно може да се каже дека во 80% е заслужен единствено „Кралот“. Уште во првиот период од играта домашните се стекнаа со предност од 16 поени, гостите одржуваа резултатска коректност во вториот период но сепак на полувреме се замина со +15 за Кливленд.
Во второто полувреме единствено што успеа Бостон е да стигне до минус седум поени, но во самата завршница повторно домашните се разиграа за победа без проблеми.
Леброн Џејмс мечот го заврши со 44 поени, три асистенции и пет скока. Од игра шутираше со неверојатни 17 од 28, а на паркетот мина дури 42 минути. Колку беше доминантен зборува и фактот дека следниот најефикасен кај Кливленд беше Корвер со само 14 поени. Кај Бостон најдобар беше Браун со 25 поени.
Серијата сега се враќа во „ТД Гарден“ во Бостон каде за два дена ќе се одигра петтиот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА