Чилаверт направи скандал: Ние игравме со Франција, а сегашниве деца – со цела Африка

Хозе Луис Чилаверт своевремено беше контроверзна фигура како голман, а легендарниот Парагваец продолжува во ист стил и по завршувањето на кариерата.

Тој го навлече бесот на огромен дел од фудбалската јавност откако предизвика расистички скандал, навредувајќи ги француските фудбалери кои според него треба да играат за „селекцијата на Африка“.

„Јас играв против Франција на СП 1998 и точно знаевме кого имавме за ривал. Тоа беше француска химна, француски фудбалери, се по пропис… Сега кога ќе погледнам на теренот, мислам дека сум го згрешил авионот и наместо на СП сум дошол на Купот на африкански нации. Ние игравме против Франција, а новата парагвајска генерација ќе се сретне со цела Африка. Тоа е вистината, дресовите што ги носат се француски, но ДНК на фудбалерите кажува нешто сосема поинаку“, изјави Чилаверт, шокирајќи ја фудбалската јавност.

Се вчитува...