Чиле е последниот ривал на Македонија на СП

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Чиле ќе биде последниот противник на селекцијата на Македонија на „Президент купот“ во Келн, откако оваа јужноамериканска репрезентација попладнево беше поразена од Катар со убедливи 37-27. Сосема очекувано, Катарците без премногу мака ја оправдаа фаворитската улога, па поранешниот светски вицепрвак утре ќе се бори со Русија за трофејот од „Президент купот“.

Денешниот дуел беше неизвесен само неколку минути, до израмнувањето на 2-2. Катар набрзина поведе со 6-3, а потоа се повеќе ја зголемуваше предноста, прашањето на победникот решавајќи го уште во првото полувреме што го доби со убедливи 21-11. Во вториот дел веќе немаше потреба од форсирање, па катарскиот селектор ги повлече од игра клучните ракометари, со втор тим рутински одржувајќи ја предноста до конечните 37-27.

Ервин Фојхтман со седум погодоци беше најдобар стрелец на Чиле при денешниот пораз, додека најдобри поединци во редовите на Катар беа Јусеф со осум и Франкис со шест постигнати гола.

Се вчитува...