Човекот кој Меси го нарече глупак: Навистина беше разочарувачки да чуеш такво нешто од Лео

Натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Светското првенство беше крајно наелектризиран. Беше решен дури по пенал рулетот, а по средбата нервоза покажа и секогаш мирниот Лионел Меси.

Тој на дуелот имаше вербални пресметки со тренерот на „лалињата“ Луис ван Гал, како и со холандските репрезентативци. Во меѓувреме, Вегхорст го коментираше конфликтот што го имаше со Меси.

„За мене сите се еднакви на теренот. Се боревме и имавме неколку моменти со Меси за време на натпреварот, што можеби го изненадија. Многу го почитувам. Тој е еден од најдобрите на сите времиња. После натпреварот само сакав да покажам почит кон Меси, но тоа очигледно не беше прифате. Барем сега се знае моето име. Само сакав да му подадам рака, бидејќи многу го почитувам. Но тој ја фрли раката на страна, одбивајќи го поздравот. Не сакаше да разговара со мене. Мојот шпански не е многу добар, но кажа непочитувачки зборови и тоа беше навистина разочарувачки“, изјави Вегхорст. 

Се вчитува...