Човекот кој му ја соопшти трагичната вест на Роналдо: Не сакаше да си замине дома, сакаше да игра и тој ден!

Таткото на Кристијано Роналдо, Хозе Динис Авеиро, почина во 2005 година на 51-годишна возраст. Хозе имаше огромни проблеми со алкохолот, а прерано почина откако му откажал црниот дроб. Кристијано во тој период имал само 20 години, Португалецот се наоѓал на почетокот на кариерата, а веста за смртта на татко му ја сфатил многу професионално.

Тажната вест му ја соопштил тогашниот селектор на Португалија, Луис Фелипе Сколари.

„Тоа беше многу тешко. Откако ја добив информацијата многу се потресов, но одлучив дека ќе му кажам зошто знаев како е да се изгуби родител. Татко ми почина неколку години порано. Тоа беше тажен момент, но не поврза засекогаш. Тој не сакаше да се откаже од претстојниот натпревар. Роналдо побара да излезе на терен и одигра феноменално. Ќе ги паметам засекогаш зборовите на Роналдо – Селекторе, не можам да направам ништо за мојот татко денес. Ќе играм утре, а потоа ќе си заминам дома“, изјави Сколари.

 

Бразилскиот стручњак има одлично мислење за Роналдо, но не го смета за најталентиран што го водел во кариерата.

„Кристијано е фантастичен. Тој е вистинска машина за голови, но и фантастична личност. Понекогаш не гледаме колку е добар човек надвор од теренот. Дали е најталентираниот што сум го водел? Тој не е најталентиран, но тој е најпосветен, Роналдо е вистинска гол машина“, изјави Сколари.

 

Се вчитува...