Covid-19 во ЕХФ, Металург и Еурофарм Пелистер ќе почекаат… Ждребот за групите во Лига Европа одложен за утре

Коронавирусот ја нападна и канцеларијата на ЕХФ, а тоа ќе го одложи и денешниот ждреб за групите од Лига Европа на која Металург и Еурофарм Пелистер треба да ги добијат следните противници.

Еден член од техничкиот персонал на ЕХФ во чија надлежност е ждребот покажал симптоми и е „позитивен“ на Covid-19. По ова, најголем дел од вработените во канцеларијата на ЕХФ кои имале контакт со него се во задолжителна изолација се додека не излезат резултатите од задолжителните тестирања. Најавите се дека ждребот за групната фаза во Лига Европа ќе се одржи утре.

Се вчитува...