Вребалната расправија помеѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах на натпреварот против Вест Хем Јунајтед и понатаму е топ тема во фудбалскиот свет. При влегување на теренот како замена репрезентативецот на Египет и германскиот старатег разменија зборови, а доколку не интервенираа Дарвин Нуњез и Џо Гомез ситуацијата можеше дополнително да ескалира.
Во микс зоната по натпреварот Салах кратко прокоментира „Ако кажам нешто, ќе има „пожар“, додека искусниот стратег „ја смири топката“ велејќи дека недоразбирањето е расчистено.
На оваа тема сега говореше и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој им порача на фудбалските фанови да ги остават двајцата сами да го решат проблемот.
„Мо Салах и Јирген Клоп се легенди на Ливерпул. Не мораме да завземаме нечија страна. Салах е вознемирен и лут бидејќи Јирген не го пушти на теренот од самиот старт и во тој момент не сакаше да го прегрне шефот. Клоп проговоре што е разбирливо.
Мо кажа нешто глупаво во микс зоната, но да ги оставиме да го решат тоа сами и да уживаат во последните неколку недели заедно“, вели Карагер.
Јирген Клоп заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, а очекувањата се дека по неговите стапки ќе тргне и Мо Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА