Да му помогнеме на малиот Мартин: Хумана акција на Фан клубот на Ливерпул од Македонија!

Фан клубот на Ливерпул од Македонија активира хумана акција за помош на 11-годишниот Мартин.

Малиот Мартин, кој е голем навивач на „црвените“ од Ливерпул, за жал боледува од леукемија, за чие лечење му се неопходни финансиски средства кои во моментов неговото семејство не може да си ги дозволи. Токму поради тоа и фан-клубот на Ливерпул ги повикува сите хумани луѓе да помогнат да се соберат средства за лекување на Мартин.

На 21. мај се организира и настан во „Драма кафе“ во Велес на кој на лице место ќе се донираат средства за Мартин.

akcija humana

На акцијата се приклучи и Фан-клубот на Челси од Македонија…

fan klub celsi

Финансиски средства за лекувањето на 11-годишниот Мартин ќе може да се донираат и на следната жиро сметка:

Горан Малинов

210-5015652408-40 (НЛБ Тутунска банка)

Се вчитува...