Да не ви се верува: Обложувалниците даваат супер коефициент за испаѓање на Манчестер Сити

Манчестер Сити ја продолжи доминацијата во Премиерлигата освојувајќи на четвртата последователна титула неполна година откако ја освои и тројната круна во европскиот фудбал. Но, и покрај фантастичната форма и кадарот на фудбалери, обложувалниците на „Островот“ веруваат дека тимот има огромни шанси од 25/1 да претрпи релегација во сезоната 2024/25 (на една вложена фунта би се заработиле 25).

Причина за тоа се 115-те прекршоци на финансискиот фер-плеј за кои се терети тимот од „Етихад“ и поради кои ќе биде сослушан пред Судот во следните месеци.

Покрај тоа Манчестер Сити е обвинет за недоволна желба за соработка со Премиерлигата за истрага во перидот помеѓу 2018 и 2023 година па може да добие и огромна казна доколку биде прогласен за виновен. На Манчестер Сити му се заканува и директна релегација како и одземање на шампионски трофеи.

Се вчитува...