Да се сите газди како тој на Комо – се откажа од билетите за ЛШ, причината е неверојатна

Комо се подготвува за премиерниот меч во Лигата на Шампионите во клупската историја и додека Цеск Фабрегас и неговите избраници собираат комплименти на теренот, сопственикот Мирван Суварсо го прави истото со начинот на кој го води клубот и ги почитува најверните навивачи.

Сите со нетрпение го чекаат дуелот со Лајпциг, но Суварсо и клупските директори се решија за неверојатен потег – откажувајќи се од билетите за овој историски натпревар.

Тие нема да се најдат во ложата, туку тие ексклузивни места ќе ги подарат на највозрасните навивачи на Комо, родени пред 1950 година, во знак на благодарност за поддршката што ја давале за клубот целиот свој живот.

„Тие луѓе се цел живот со Комо, биле тука и во победите и во поразите. Сега, кога испишуваме историја и играме во ЛШ, заслужуваат да бидат дел од тој спектакл“, објавија од раководството на Комо, собирајќи комплименти од целокупната спортска јавност.

Се вчитува...