Дабл-дабл за Андреј Магдевски во поразот на Плоешти од Сибиу

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски и неговиот Плоешти претрпеа пораз од 80-74 во првиот натпревар од двомечот против Сибиу од Купот на Романија.

Сибиу кој подобро го започна натпреварот и на полувремето имаше водство од 39-33, одолеа на налетот на Плоешти во третата четвртина (53-53) кога гостите стигнаа до изедначување и со сигурана игра во последната четвртина (27-21) стигна до победа.

Репрезентативниот бек одигра одличен натпревар кој го заврши со дабл-дабл учинок од 13 поени (2/6 за два, 2/4 за три и 3/4 за еден поен) и 10 скока од кои четири во нападот, но за жал истото не беше доволно за победа на „сино-белите“.

Се вчитува...